Почитувани корисници на нашата вебстрана,
Сакаме да ве известиме дека политика за услови на користење со текот на времето може да се промени, па доколку со истите се согласувате значи се согласувате и со обработка на вашите основни лични податоци како и со услуги кои што ги нудиме.
Во спротивно доколку не се согласувате со наведените услови, Ве молиме да не ја користите нашата вебстрана и услуги кои се нудат преку истата.
Кога првпат пристапувате на нашата веб-страница uniformiunikos.com, ќе ви се прикаже известување за Политика за колачиња.
Ова известување ви овозможува да ги прифатите или одбиете колачињата што ги користиме.
Со прифаќањето на колачињата, се согласувате дека ние и нашите партнери, како и глобални сервис-провајдери (на пр. Google, Meta, MailerLite и слични), може да обработуваме одредени податоци преку колачиња, како што се:
- IP адреса,
- тип на уред и прелистувач,
- активности на страницата (на пример, кои производи ги разгледувате),
- локација и други технички информации,
- податоци за подобрување на искуството и статистички анализи.
Вашите податоци може да бидат обработувани не само од наша страна, туку и од сервис-провајдери кои се наоѓаат надвор од Република Северна Македонија, во согласност со нивните политики за приватност и меѓународни стандарди за заштита на податоци.
Доколку одбиете колачиња, одредени делови од веб-страницата може да не функционираат целосно, но и понатаму ќе имате пристап до основните информации и производи.
Можете во секое време да ја измените или повлечете својата согласност преку поставките на вашиот прелистувач или преку опцијата „Поставки за колачиња“ достапна на нашата веб-страна.
Важно е да знаете дека користењето на колачиња не претставува ризик за вашата приватност, туку е дел од вообичаените интернет практики за подобрување на искуството и персонализација на содржината.
Се разбира, како корисници не само на нашиот сајт туку и на други сајтови имате можност — да ги прифатите или одбиете, без тоа значително да влијае на користењето на нашата страница.
Доколку сакате да прочитате повеќе за тоа што претставуваат колачињата и зошто се користат, можете да ги посетите следниве официјални извори:
1. Политика на приватност
Со цел правилно користење на услугата за онлајн продажба преку веб-страницата УНИКОС Медициски унифорни, потребно е да се прибираат и обработуваат одредени лични податоци.
Конкретно, при нарачка или регистрација може да бидат побарани:
- име и презиме,
- адреса за достава,
- телефонски број,
- е-пошта,
- податоци за нарачка и плаќање.
Со внесување на овие информации, Вие се согласувате Unikos Medical Uniforms да ги обработува Вашите лични податоци единствено за целите поврзани со реализација и испорака на Вашата нарачка.
Податоците ќе се користат исклучиво за:
- потврда и обработка на нарачка,
- комуникација за испорака,
- информирање за статус и промени,
- подобрување на нашите услуги и искуство на корисниците.
Unikos Medical Uniforms ги чува податоците во согласност со Законот за заштита на лични податоци на РС Македонија и европската регулатива GDPR, применувајќи технички и организациски мерки за безбедност.
Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате:
- пристап до Вашите податоци,
- нивна исправка или бришење,
- ограничување на обработката,
- преносливост на податоците.
Барањата се поднесуваат на следните е-адреси:
- Контакт: contact@uniformiunikos.com
- Личен: unikos.mk@gmail.com
2. Испорака
По извршена нарачка, ќе добиете е-пошта за потврда на успешноста на нарачката.
Испораката се врши преку доверливи курирски служби:
- Во Македонија: 2–4 работни дена
- Во Србија, Косово и Албанија: 7-14 работни дена
- Испораката се врши до адресата наведена при нарачката, а курирот ќе Ве контактира пред доставата.
Дополнително за трошоци:
- За Македонија: фиксна цена или бесплатна испорака над одредена вредност (детали на веб-страница)
- За странство: според ценовникот на курирската служба
Во случај на неуспешна достава (поради погрешна адреса, недостапност или одбивање на прием), пратката се враќа назад и купувачот може да биде задолжен за нов трошок за испорака.
3. Право на рекламација и замена
Кога ќе го примите производот, Ве молиме веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали одговара на нарачката (модел, боја, величина, состојба).
Доколку производот не одговара на нарачаниот или има фабрички недостатоци, имате право на:
- замена на производот,
- поправка (доколку е можно),
- враќање на средствата.
Рокот за рекламација е 15 дена од приемот на производот, при што треба да не известите на:
- contact@uniformiunikos.com
- unikos.mk@gmail.com
Нашиот тим ќе ве контактира за понатамошна постапка. Производите се прифаќаат за рекламација само доколку се во оригинална состојба, со сочувана етикета и без траги на користење.
- Доколку доставениот производ има фабрички недостаток, потрошувачот има право:
- да бара бесплатна замена со нов производ,
- да бара поправка,
- или да го раскине договорот и да побара враќање на платениот износ.
Unikos Medical Uniforms ги покрива сите трошоци поврзани со враќање и нова испорака само доколку грешката е на наша страна.
4. Промени на условите
Unikos Medical Uniforms го задржува правото во секое време и без претходна најава да ги промени овие Услови на користење, Политиката на приватност, и Политиката за испорака и замена.
Сите измени ќе бидат навремено објавени на веб-страницата www.uniformiunikos.com и стапуваат на сила од денот на објавувањето.
5. Замена и враќање по желба на купувач
Доколку производот е правилно испорачан, но купувачот сака замена (друга големина, боја, модел), замена е можно да се изврши во рок од 7 дена од приемот.
Условите се:
- производот да не е користен,
- да е во оригинална состојба и пакување,
- трошоците за транспорт во двата правци ги покрива купувачот.
УНИКОС не врши замена или поврат за производи изработени по специјална нарачка или персонализирани модели.
6. Начин на плаќање
Плаќањето може да се изврши:
- во готово при подигање на нарачка од карго, или
- по договор, за нарачки на големо или меѓународни испораки.
Сите цени се изразени во денари (МКД) и вклучуваат ДДВ.
7. Гаранции и одговорност
УНИКОС ја управува страницата uniformiunikos.com. Така, УНИКОС гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република С. Македонија.
Од друга страна, УНИКОС не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.
Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република С. Македонија, тоа го правите свесни за последиците и со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.
Гарантира дека сите производи се изработени од квалитетни материјали и се проверени пред испорака.
Сепак, брендот не презема одговорност за:
- оштетувања настанати при неправилна употреба, перење или чување,
- грешки предизвикани од неточни податоци дадени при нарачка од купувачот,
- доцнења на доставата предизвикани од трети страни (курири, царина и сл.).
Со почит,
УНИКОС Мецицински униформи
Контакт информации: