Наша приказна
Се започна како мала иницијатива, но со голема визија: да се подигне стандардот на медицинската облека во земјава.
Со сопствено производство и тим составен од посветени луѓе, UNIKOS брзо стана препознатлив бренд кај здравствените професионалци кои бараат квалитет, функционалност и модерен изглед во едно.
Денес, нашите униформи се носат низ целата држава, а со гордост веќе бележиме присуство и во други земји од регионот.
Нашиот раст е природен резултат на довербата која ни ја даваат нашите клиенти – лекари, медицински сестри, стоматолози, фармацевти и многу други професионалци кои секојдневно се грижат за здравјето на сите нас.